четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 154
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Чулев: Сите спорни решенија од МВР за работни позиции кои се во процедура ги стопирав, онаму каде има прекршувања кај издадените ќе има санкции

Чулев: Сите спорни решенија од МВР за работни позиции кои се во процедура ги стопирав, онаму каде има прекршувања кај издадените ќе има санкции

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за Македонската радио телевизија обвинува дека претходниот министер од СДСМ Оливер Спасовски водел лоша кадровска политика, потенцирајќи дека наместо да се води од професионални и стручни се водел од политички критериуми.

-До мене стигнуваат, а и во јавноста се веќе присутни многубројни реакции и револт кај најголем дел од припадниците на МВР и тоа не е случај само последните неколку дена, туку тие реакции се перманентни пред се на лошата кадровска политика водена од претходниот министер Оливер Спасовски при што за сметка на професионални стандарди и стручни критериуми, дава приоритет на политички критериуми, вели Чулев.

Чулев изјави дека во текот на денешниот ден остварил средби со раководителите при Министерството за внатрешни работи а испратил и телеграма до организациските единици на МВР веднаш да се стопираат сите решенија издадени на вработените, укажувајќи дека ќе се изврши целосна ревизија и онаму каде што има прекршување на законските и правните прописи ќе има и соодветни дисциплински постапки.

-Јас денеска во текот на денешниот ден имав средби со надлежните раководителите од правниот сектор од МВР и издадов насоки да се изврши ревизија на сите издадени правни акти во изминатиот период, со акцент на изминатите неколку дена и веќе пуштена е телеграма до сите организациски единици на МВР, сите оние решенија кои што не се издадени на вработените односно не се подигнати од вработените на МВР да се стопираат до донесување на друга одлука а таа одлука ќе биде донесена по консултации со правниот сектор при МВР. Можам да ве информирам дека сите оние решенија каде што ќе се утврди дека не се испочитувани одредени професионални стандарди, дека не се спроведени законските обврски како што е објавување на конкурси или пак на било кој начин се прекршени правните норми ќе бидат поништени а против старешините кои што учествувале во нивното носење ќе бидат покренати соодветни дисциплински постапки, кажа Чулев.

Министерот Чулев упати апел до сите вработени од Министерството за внатрешни работи кои сметаат дека со ваквите законски решенија им се прекршени правата да се обратат до него додавајќи дека секоја изјава од страна на припадниците на МВР соодветно ќе биде истретирана.

-Ја користам оваа прилика да упатам апел до колегите на МВР доколку се чувствуваат дека на било кој начин им е нанесена штета или им е повредено правото со овие последни издадени решенија писмено да се обратат до мене, при што секоја нивна писмена изјава ќе биде соодветно третирана од правен аспект, посочи Чулев.

Коронавирус