вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 97
home Вести

Чулев: Сите кои вчера делеа пакети ќе одговараат за непочитување на мерките, a доколку се утврди дека барале противуслуги ќе одговараат и за поткуп

Чулев: Сите кои вчера делеа пакети ќе одговараат за непочитување на мерките, a доколку се утврди дека барале противуслуги ќе одговараат и за поткуп

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостувањето во вестите на Македонската радио телевизија говореше за објавените видео материјали на социјалните мрежи од делење на хуманитарни пакети од страна на активисти на СДСМ.

Тој истакна дека за настанот е информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за поткуп, а учесниците во настанот ќе одговараат и за непочитувањето на Владините мерки.

-Во текот на вчерашниот ден беа објавени видео материјали на кои што се гледаше делење на таканаречени хуманитарни пакети со храна на социјално ранливи категории и од страна на МВР веднаш беше извршена идентификација на лицата кои што се даватели меѓутоа и приминатели на хуманитарните пакети. Беше информирано и доставено соодветно известување до Основното јавно обвинителство во Струмица, и од страна на Основното јавно обвинителство беше добиена дозвола за постапување на полиција во овој случај. Во оваа насока во текот на наредните денови од страна на секторот за внатрешни работи Струмица ќе бидат превземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на дали постои соодветна валидна документација за делењето на донацијата, кој е давателот на донацијата. Врз основа на кои критериуми е дадена донацијата и дали од примателите на донацијата се барани соодветни противуслуги. Во однос на оние лица кои што учествувале на овој настан, а врз основа на видеоматеријалите е утврдено дека не ги почитувале одлуките на Владата во однос на држење физичка дистанца, во однос на групирање и неносење на заштитана лична опрема ќе бидат превземени соодветни активности и тие ќе бидат санкционирани, вели Чулев.