сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: Распределените од УБК во АНБ се уште не почнале со работа, а земаат плата, мора да се надмине оваа состојба

Чулев: Распределените од УБК во АНБ се уште не почнале со работа, а земаат плата, мора да се надмине оваа состојба

Во однос на агенцијата за национална безбедност процесот на селекција е нелегитимен и нелегален од аспект затоа што не беа испочитувани двете законски одредби, а тоа е спроведување на теза, интегритет и полиграфско тестирање, вели во интервју за дневникот на Македонската радио телевизија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев додава дека распределените лица од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност и по шест месеци не започнале со работа а примале плата од правен субјект кој што не постоел, укажувајќи дека ваквата состојба во МВР мора што побрзо да се надмине.

-Денес службите ме информираа дека сите оние вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање кои што не беа примени во Агенцијата за национална безбедност уште не се распоредени по шест месеци во рамките на МВР и уште примаат плата од правен субјект кој што веќе не постои а тоа УБК. Во однос на она што значи контрола и надзор на овие два субјекти знаете дека следењето на комуникациите сега веќе не е само во рамки на ОТА туку и дел на АНБ, а за да биде тоа изведено на ефикасен и професионален начин мора парламентарната комисија да биде збогатена со технички и стручен кадар односно со луѓе кои што знаат што каде и како да се бара. Значи на овој план мора собраниската комисија да се екипира што е можно побрзо со искусен кадар кој што веќе работел или кој што има познавање на оваа област, вели тој.

Коронавирус