сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 26
home Вести

Кривична за екс директорката на Клиниката за кожни болести Цаца Биљановска

Кривична за екс директорката на Клиниката за кожни болести Цаца Биљановска

 

Министертвото за внатрешни работи поднело кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска која спротивно на препораките од Владата по враќање од Италија не се самоизолирала. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес извести дека ексдиректорката се вратила од Италија на 29 февруари. Коронавирусот и беше потврден на осми март, а во меѓувреме таа одела на работа и присуствувала на симпозиум на кој имало повеќе од 100 здравствени работници. Поради контактот со ексдиректорката блиска до СДСМ, во изолација се околу 200 лица

-Против неа, како и против сите оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и решенијата за здравствен надзор, односно извршиле прекршување на членовите 205 и 206 од КЗ, е поднесен соодветен поднесок до ОЈО, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

Коронавирус