недела, 29. март 2020. Вести денес: 40
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Чулев: Постои можност за зголемен број случаи на коронавирусот во Куманово, МВР ќе го контролира влезот и излезот од градот

Чулев: Постои можност за зголемен број случаи на коронавирусот во Куманово, МВР ќе го контролира влезот и излезот од градот

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во телевизија Телма објасни зошто се превзема мерката за забрана за влез и излез од Куманово.

Тој посочи дека со оглед на ситуацијата и ширењето на коронавирусот во градот и податоците кои што укажуваат на можност на зголемен број на случаи на препорака на Здравствената комисија Владата се одлучила на ваков чекор, притоа тој истакна дека министерството за внатрешни ќе биде одговорно за спроведување на оваа мерка.

-Одлуката на Владата доаѓа на препорака на здравствената комисија и е првична мерка со што се забранува јавниот превоз од и до Куманово, од Куманово до сите градови во државата и во обратен правец. Ние како МВР имаме задача да ја контролираме оваа мерка на Владата. Оваа мерка доаѓа како што кажав на препорака на здравствената комисија затоа што кластерите кои што се правени укажуваат на можност на зголемен број на случаи со ширење на вирусот КОВИД-19 на територијата на Куманово, рече Чулев.