вторник, 11. август 2020. Вести денес: 104
home Вести

Чулев остварил средба со членови на Здружението на ловци од Охрид

Чулев остварил средба со членови на Здружението на ловци од Охрид

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера остварил работна средба со членовите на Здружението на ловци од Охрид, ка која станало збор за за проблемите со кои тие се соочуваат, а се од делокругот на работа на МВР.

-Членовите на здружението ме информираа дека се соочуваат со административни потешкотии во делот на постапката за издавање на дозволи за поседување на оружје која некогаш трае и повеќе од една година. Заеднички се согласивме дека за надминување на овој проблем потребна е измена во законската регулатива, на што интензивно ќе работиме, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот Чулев.

Заеднички констатирале, како што пишува Чулев, дека Министерството за внатрешни работи треба да биде партнер на овие здруженија кои меѓудругото имаат значајна улога и во областа на ловниот туризам кој треба да се развива имајќи го предвид потенцијалот кој го има нашата држава во ова поле

Коронавирус