недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Чулев оствари работен состанок со началниците на Секторите за внатрешни работи

Чулев оствари работен состанок со началниците на Секторите за внатрешни работи

Полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имаа важна улога во справување со пандемијата од Covid 19, и тие покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионалност.

Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните, потенцираше Чулев на состанокот.

Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока Чулев потенцираше дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од Коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврдат стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето.

-Како министер за внатрешни работи тој и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи. Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата која за заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучи Чулев.

 

 

Коронавирус