вторник, 4. август 2020. Вести денес: 95
home Вести

Чулев од Струмица: Сите граѓани кои ќе бидат предмет на уцена, поткуп и закана да пријават во МВР

Чулев од Струмица: Сите граѓани кои ќе бидат предмет на уцена, поткуп и закана да пријават во МВР

Во рамки на денешната посета на СВР Струмица го посетив малото каде што живеат етнички Tурци. Ги поздравив со зборовите Iyi Gunler. Hepsine cok selamlar diyorum. Cok memnum ki sizinle beraber burdayim.

Ми беше чест да го посетам овој дел од градот, но и од таму испратив порака дека граѓаните не треба да подлегнуваат на било какви притисоци и ги охрабрив да иззлезат да гласат, а со тоа да ја обезбедат својата иднина.

Упатив порака до сите граѓани кои ќе бидат предмет на поткуп, закани и уцени истите да ги прiјават во Министерството за внатрешни работи, казните за кривичните дела поврзани со изборите се ригорозни и се движат од шест месеци до 10 години.

Важно е граѓаните да знаат дека Министерството за внатрешни работи со зголемен број на полициски припадници ќе ги покрива критичните региони и со тоа ќе обезбедиме фер, мирни и демократски избори.

Коронавирус