понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 66
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Чулев: Обвинителството да истражи дали АНБ незаконски прислушува

Чулев: Обвинителството да истражи дали АНБ незаконски прислушува

Агенцијата за национална безбедност или по старо УБК, се уште има можност да има увид во прислушуваните разговори кои ги снима Оперативно техничката агенција, тврди министерот за внатрешни Наќе Чулев. АНБ ја задржала посредничката улога. Следењето на комуникацијата наместо директно во МВР, одел преку АНБ, што според Чулев е спротивно на препораките на Рајнхард Прибе за реформи во безбедносниот сектор.

„Сега спротивно на законот оптичкиот кабел наместо директно да оди до министерството за внатрешни работи е оставен да оди од Оперативно техничката агенција преку Агенцијата за национална безбедност па после до МВР. Значи на овој начин, јас не знам и не тврдам дека АНБ врши незаконско следење на комуникации, меѓутоа спротивно на законот техничката можност е останата“, рече Чулев.

Уште кога се носеше новиот Закон за АНБ во март минатата година, невладините организации и експертите побараа прецизно да се регулира во кој случаи АНБ ќе може да ја заобиколува ОТА. Меѓу забелешките беше и концентрацијата на моќ која ја има премиерот, но по неколкумесечни преговарања меѓу власта и опозицијата Законот беше едногласно донесен во Собранието.

Чулев денеска побара обвинителството по допрен глас да ги провери неговите информации и да утврди дали некој прислушува – ваква пријава е поднесено во Обвинителството уште лани во октомври при трансферот од УБК во новата Агенција за национална безбедност.

Парламентарни избори 2020