недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев: Неточни се обвинувњата за наводно мое попречување на истрагата

Чулев: Неточни се обвинувњата за наводно мое попречување на истрагата

Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата ја информирам јавноста дека истите се целосно неточни, ова денеска преку статус на своијот Фејсбук профил го сподели дополнителниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави.

Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт.

Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности.

Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и пришадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Коронавирус