петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Чулев: Нема да дозволам да се оцрнува образот на полицајците

Чулев: Нема да дозволам да се оцрнува образот на полицајците

Денес завршив со потпишување на решенијата за работниците кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус плата.

Во министерството за внатрешни работи работат исклучителни професионалци кои чесно и одговорно си ја работат својата работа и добро ги исполнуваат своите работни обврски. Во минатото вработените биле изложувани на политички притисоци, а нивните права често биле скратувани. Тоа е дополнителна причина за мене како министер за внатрешни работи цврсто да стојам на страната за заштита на нивните права.

Резултати и успех во работењето може да се постигне само доколку вработените се мотивирани и доколку се вреднува нивниот придонес во службата, а за мене ова е од огромно значење, бидејќи сум професионелец кој долго време работи во оваа област.

Со ова ги демантирам сите шпекулации и обвинувања кои моите политички противници ги пласираа во медиумите, а беа поврзани токму со оваа тема. И во оваа прилика уште еднаш потенцирам дека спроведувањето на законските прописи и почитување на чесните и одговорни вработени е темелот на кој се заснова моето работење.

Коронавирус