вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Чулев: Нема да дозволам да се деградира полициската професија

Чулев: Нема да дозволам да се деградира полициската професија

Во однос на објавите во медиумите со наслов ‘полициски кадар шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време’ најпрво изразувам силна осуда на ваков чин кој ниту прилега и доликува на било кој граѓанин, уште повеќе на полициски службеник.

Во меѓувреме побарав од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди целосно да ги испита наводите објавени во тексот и да постапи во согласност со законските прописи. Истовремено го повикувам медиумот што поскоро до истиот оддел да ги достави сите релевантни докази поврзани со конкретниот случај.

Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработени во МВР.

Коронавирус