петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Чулев на средба припадниците на НТ

Чулев на средба припадниците на НТ

Денес остварив поединечни работи средби со колегите од Единицата за внатрешни работи, Гази Баба и Одделот за недозволена трговија во рамки на Секторот за внатрешни работи, Скопје.

На средбата во Единицата за внатрешни работи разговаравме за мерките и активностите кои се преземаат во пресрет на парламентарните избори и мерките кои ги презема СВР Скопје, а кои се насочени кон соодветно постапување и справување со корона вирусот. Секторот за внатрешни работи и Министерството за внатрешни работи во координација со здравствените власти ги преземаат соодветните активности.

Од страна на колегите од Единицата за недозволена трговија бев запознаен со состојбата во која се наоѓа оваа организациска единица. Просторните и кадровските потенцијали на единицата се слаби, а изминатиот период е регистриран зголемен број кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.

Во следниот период ќе работиме на соодветно кадровски и техничко екипирање во овој сегмент на постапување на полицијата, но и ќе ја подигнеме превентивната улога на Министерството за внатрешни работи во делот на едуцирање на младите за штетните последици од употреба на психотропни супстанци и дрога, објави на својот Фејсбук профил техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

Коронавирус