сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Чулев на работна средба со претставници на ромските невладини организации- соработката меѓу нив и МВР треба да се регулира со меморандум

Чулев на работна средба со претставници на ромските невладини организации- соработката меѓу нив и МВР треба да се регулира со меморандум

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари средба со претставници на ромските невладини организации.

-✋ На моја иницијатива денес одржав работна средба со претставници на ромските невладини организации. На состанокот дискутиравме за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, а кои се во делокругот на Министерството за внатрешни работи.
✔️Говорот на омраза кон ромската заедница како марганализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство се дел од проблемите за кои заеднички се соогласивме дека треба системски да се решаваат во периодот кои следи.
✔️ Во таа насока се согласивме дека соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и овие невладини организации треба да се регулира со меморандум за заедничка соработка, чие формализирање треба што поскоро да се случи.
🗣️ Министерството за внатрешни работи останува посветено на дијалогот и соработката со невладиниот сектор на чие интензивирање ќе работиме во следниот период, стои во неговиот пост на Фејсбук.

✋ На моја иницијатива денес одржав работна средба со претставници на ромските невладини организации. На состанокот…

Posted by Наќе Чулев on Thursday, June 4, 2020

Коронавирус