вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Чулев: МВР спроведе истрага за случајот со теретаната и Мицкоски, снимката е со стар датум и нелегално стекната

Чулев: МВР спроведе истрага за случајот со теретаната и Мицкоски, снимката е со стар датум и нелегално стекната

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук пишува дека МВР спроведе истрага за случајот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и теретаната со што се докажало дека снимката е со стар датум и нелегално стекната.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи постапуваше по допрен глас од страна на социјалните мрежи, односно во врска со видео материјалот на кој се гледа како Х.М., претседател на политичка партија, во придружба на полициските службеници И.Б. и О.С. и уште едно непознато лице како наводно ги прекршуваат предвидените конкретните одлуки донесени од страна Владата на РСМ во врска со корона вирусот, односно биле во теретана која наводно работела само за нив.
Во однос на видео записот преземени се мерки за расчистување на случајот, извршен е разговор со сопственикот на теретаната, извршен е увид на видео надзорот во и надвор од објектот за периодот од 01.04.2020 до 27.04.2020, при што не е воочено движење на наведените лица објавени на видео записот на социјалните мрежи, односно дека во објектот нема движења односно и нема снимка како што е постирана на социјалните мрежи.
Исто така, извршени се службени разговори со полициските службеници во ЕВР Аеродром и Драчево и со неколку вработени во теретаната, кои потврдиле дека истата не работи по донесувањето на мерките од Владата и дека на снимките ги нема известувањата дека објектот не работи т.е. дека снимките се постари. Една од вработените посочила и дека снимката е од 20.10.2019 кога последен пат заедно ги видела во теретаната Х.М и полициските службеници. Дека се работи за настан од 20.10.2019 изјавиле и полициските службеници, кои појасниле дека тој ден извршувале работни задачи на обезбедување на претседател на политичка партија, што било потврдено и по увидот на системот на вработените лица во МВР.
Дотолку повеќе дека се работи за стара снимка потврдува и изјавата на И.М. кое е лице вработена во конкретниот фитнес центар и која во својата изјава посочува дека видно од снимката која беше објавена на социјалните мрежи се гледа шкаф кој е без врата, а врата на истиот шкаф е поставена во ноември 2019 година.
Врз основа на преземените мерки, Одделот за внатрешна контрола смета дека наводите изнесени на социјалните мрежи во врска со постираниот видео запис се неосновани, односно нема прекршување на одлуката за ограничување на движењето од страна на конкретните лица.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и медиумите да се воздржат од пласирање и објавување неточни и невистинити вести и информации, стои во неговиот пост на Фејсбук.

❗ Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни…

Gepostet von Наќе Чулев am Dienstag, 28. April 2020

 

ЕУРО 2020

Македонија