понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Чулев: Мојот став беше дека треба да има кризна состојба, но Советот за безбедност одлучи спротивно

Чулев: Мојот став беше дека треба да има кризна состојба, но Советот за безбедност одлучи спротивно

И покрај тоа што мојот став беше на линија дека е неопходно прогласување кризна состојба, Советот за безбедност донесе одлука дека во овој момент нема потреба од тоа.

Полициските службеници кои работат на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба покажуваат високо ниво на одговорност и сериозност во справувањето со предизвикот кој го носи оваа несекојдневна борба за нив. Тие уште еднаш покажуваат дека се на висина на задачата и достојни за работата што ја вршат, при што со своето делување придонесуваат кон тоа граѓаните во нив да гледаат партнер во оние ситуации во кои им е потребна помош.

Министерството за внатрешни работи вложува секојдневни напори ставајќи ги во функција сите свои капацитети се со цел успешно справување со пандемијата на коронавирусот. Во таа насока, апелирам граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат препораките од Владата и насоките што ги даваат полициските службеници на терен, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Најнови вести

Коронавирус