понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 10
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Чулев: Лажна вест е дека ќе си поднесам оставка

Чулев: Лажна вест е дека ќе си поднесам оставка

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев демантира дека сака да поднесе оставка на функцијата. Тој вели дека станува збор за лажна вест.

Вечерва низ медиумите се рашири вест дека Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, во знак на солидарност со техничката министерка за труд и социјални работи Рашела Мизрахи која ја разреши Собранието, се подготвувал самиот да поднесе оставка до техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во продолжение реакцијата на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев:

Веројатно денешната прес конференција на која открив незаконски постапки во кои грубо се кршел законот за јавни набавки, како и претходната прес конференција на која зборував за злоупотреби поврзани со набавката на пасоши и други лични документи, како и актуелните криминалистички истраги за други случаи е причина за паниката на Оливер Спасовски, па тој тргна во злоупотреба на министерството за внатрешни работи во партиски цели и објавување на спинувани информации во медимите.

Денешниот случај во кој официјалната веб страна на министерството за внатрешни работи е злоупотребена за објавување на партиски соопштенија напишани од страна на СДСМ прво говори за паниката во која тие се наоѓаат, а потоа е уште еден аргумент на моите тврдења дека наместо професионализација, Оливер направи груба партизација на Министерството за внатрешни работи, односно постави луѓе кои слепо му веруваат и ги почитуваат партиските директиви дадени од негова страна. Ваквите постапки не покажуваат ништо друго, туку говорат дека СДСМ е во паника од понатамошно објавување и споделување на сите криминали.

Попладневно, низ медиумите беа објавени низа шпекулации и невистини поврзани со наводна моја оставка во техничката влада.

Во оваа прилика сакам да му порачам на Оливер Спасовски, на партиските структури во МВР кои се поставени од него и на криминалните структури кои СДСМ ги поддржува, дека воопшто не размислувам за поднесување оставка. Напротив, до последниот ден ќе останам во техничката влада и цврсто ќе се борам против сите остатоци од неговото лошо владење во државата и криминалот и бескомпромисно ќе се залагам за чист изборен процес. Граѓаните треба бидат сигурни дека нема да потклекнам пред притисоците и заканите од СДСМ и криминалните групи и борбата против криминалот ќе продолжи со несмален интензитет, а за секое постапување во Министерството за внатрешни работи кое е спротивно на законите и законските процедури ќе следи соодветна дисциплинска постапка.

Парламентарни избори 2020