недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Чулев ја посети ЕБР: Полициските службеници да го дадат својот максимум за да спречат нерегуларности

Чулев ја посети ЕБР: Полициските службеници да го дадат својот максимум за да спречат нерегуларности

Денес остварив работна посета на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Полициското одделение во Сарај. Обезбедувањето на мирни, фер и демократски избори беше темата во фокусот на двете одвоени работни средби.

➡️ Полициските службеници потребно е да бидат на висина на својата задача и да го дадат својот максимум во спречување на евентуални изборни нерегуларности. Единицата за брзото распоредување важи за една од најпочитуваните единици во чии редови се исклучителни професионалци и секоја инволвираност на полициски службеник во изборни нерегуларности би го нарушил угледот на униформата која тие ја носат, единицата која тие ја преставуваат и Министерството за внатрешни работи во целост.

✅ Уште еднаш ги повикав полициски службеници да постапуваат исклучиво во согласност со законите. Тоа постапување согласност со законите е исклучително важно во еден ваков сериозен процес како што се парламентарните избори, кои треба да ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, но и на сите политички чинители во неа.

📝 Фер и демократски парламентарни избори се крајниот резултат која треба да произлезе од техничката влада која функционираше во изминатите неколку месеци и сите ние имаме обврска да дадеме придонес изборите да се одржат согласно европските стандарди.

Коронавирус