четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 90
home Вести

Чулев: Изјавите на Заев и СДСМ се неодговорни и со цел за евтини политички поени

Министерот Чулев ја објасни детално ситуацијата во Струмица. Мислам дека се работи за крајно неодговорна пред се политичка изјава во насока на добивање на поени, потенцира Чулев, и јас ви потврдувам во суштина МВР постапуваше само по она што значи редовни и стандардни полициски процедури, во смисла на контрола на ограничување на движењето со цел расчистување на сите дилеми околу настанот денес МВР даде согласност за спроведување на внатрешна контрола со цел утврдување на било какви нерегуларности во однос на постапувањето на полициските службеници а поврзани со конкретниот случај, објасни министерот.
Чулев: Изјавите на Заев и СДСМ се неодговорни и со цел за евтини политички поени

Изјавите на Заев и СДСМ се неодговорни и со цел за евтини политички поени, обвинува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Би сакал да ја информирам јавноста дека се работи за редовно постапување на полицијата, значи ништо спектакуларно. Значи во текот на вчерашниот ден односно на 29 април полициските службеници спроведувајќи ја одлуката на владата за ограничување на движењето при редовна рутинска контрола на локација во Струмица утврдиле 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина. Истите извршиле контрола на тие 11 лица, при што за 5 лица утврдиле дека имаат регуларни дозволи за ноќно и сменско работење издадено од здружението за хуманитарни цели Сите заедно може и тоа е во ред, меѓутоа кај останатите 6 лица кои што биле затекнати на лице место утврдиле дека не поседуваат соодветни дозволи за движење согласно одлуката на владата, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за дневникот на ТВ Сител во врска со денешната полициска контрола во Струмица.
Чулев посочи дека е информиран државниот јавен обвинител и по негова насока и наредба е одземена документацијата односно дозволите на лицата кои што биле затечени се со цел утврдување на нивната веродостојност.
За таа цел истите го информирале дежурниот јавен обвинител и веднаш потоа по насока и наредба од страна на Јавниот обвинител, истите постапиле по него наредба во смисла одземање на документацијата односно дозволите кои што ги имале лицата со цел утврдување на нивната веродостојност и истовремено Јавниот обвинител издал наредба физички да се обезбедат пакетите со непозната содржина додека не се обезбеди соодветна документација за истите. Во текот на денешниот ден во полициската станица во Струмица повикани се три лица со цел добивање на информации и нивно доставување до дежурниот јавен обвинител кој што го водел случајот, рече тој.
Министерот Чулев ги отфрла обвинувањата од страна на СДСМ и Заев за злоупотреба на функцијата, нагласувајќи дека такви изјави се неодговорни и се со цел добивање на поени, односно како што рече тој министерството постапило само по она што значи редовна и стандардна полициски процедури во смисла на контрола на ограничување на движењето.
Мислам дека се работи за крајно неодговорна пред се политичка изјава во насока на добивање на поени и јас ви потврдувам во суштина МВР постапуваше само по она што значи редовни и стандардни полициски процедури, во смисла на контрола на ограничување на движењето со цел расчистување на сите дилеми околу настанот денес МВР даде согласност за спроведување на внатрешна контрола со цел утврдување на било какви нерегуларности во однос на постапувањето на полициските службеници а поврзани со конкретниот случај, објасни Чулев.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија