петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Чулев и Костовски: Бутел ќе биде безбедно место за живеење

Чулев и Костовски: Бутел ќе биде безбедно место за живеење

Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и кандидатот за пратеник доктор Боро Илиевски имавме трибина со граѓаните на општина Бутел на темата “Безбеден Бутел”. Изминатите три години, за жал, Бутел е најнебезбедна општина во Република Македонија, истакна кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

„Да си мајка, баба, родител во Бутел не е лесно. Заспиваш и се будиш со грижа за безбедноста на сопственото чедо, за сопственото дете. Бутел е општина со највисока стапка на криминал, кражби и тепачки. Во Бутел за жал бевме сведоци и на напади на малолетници и опожарување на приватни бизниси!

Бутел и бутелчани заслужуваат спокоен живот. Живот без грижа за иднината.

Затоа како идна влада се обврзуваме за:-зајакнување на борба против организираниот криминал и корупција;
-зајакнување на сигурноста, стабилноста и безбедноста на граѓаните;
– модерна, транспарентна и ефикасна полиција;
-одржување и воспоставување јавен ред и мир.

Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот и ќе одговараат“-истакна тој!

Коронавирус