петок, 4. декември 2020. Вести денес: 96
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Чулев ги посети семејствата на загинатите бранители и „Тигрите“ кои се на обука

Чулев ги посети семејствата на загинатите бранители и „Тигрите“ кои се на обука

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денес ги посети семејствата на загинатите бранители.

Тие овие денови го поминуваат зимскиот одмор во сместувачките капацитети на министерството за внатрешни работи на Понивка.

-За мене беше голема чест и вистинско задоволство да поразговарам со семејствата и дечињата на оние кои својот живот го дале за Република Македонија. Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Сето ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законската можност да одговориме позитивно на нивните потреби, истакна тој.

Во рамки на оваа посета се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи „Тигар“ кои тука ја изведуваат зимската обука.

Коронавирус