вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 155
home Вести

Чулев: Фер и демократски избори треба да има во оној момент кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат

Чулев: Фер и демократски избори треба да има во оној момент кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејбук ги информира граѓаните дека денеска имал интервју за веб порталот Република.

-✋ Во денешното интервју за веб порталот Република говорам на актуелни теми поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи, справувањето со Коронавирусот и организација на изборите. ❗ Во него давам одговор за наградата која ја предложив за полициските службеници, обвинувањата од страна на Владата, но и досегашните резултати во справувањето со криминалот и корупцијата, стои во неговиот пост на Фејсбук.

✋ Во денешното интервју за веб порталот Република говорам на актуелни теми поврзани со работата на Министерството за…

Gepostet von Наќе Чулев am Samstag, 6. Juni 2020

Полициските службеници секојдневно се во првите редови во справување со коронавирусот и нивниот придонес е голем и неспорен. И јас се уште стојам на ставот дека тие ја заслужуваат наградата која ја предложив и која ќе имаше големо влијание на нивниот понатамошен ангажман и посветеност.  Но, за жал останатиот дел од владата и за ова прашање не успеа да се издигне над дневнополитичките и партиските интереси и истото беше одбиено во најкраток можен рок.  Веројатно, фактот дека наградата беше предложена од Наќе Чулев, а не од Славјанка Петровска беше клучен за да биде добие црвено светло, но таа награда ниту е за мене, а ниту за Славјанка, таа е наменета за секој вработен во полицијата кој го жртвуваше своето здравје и својот живот, ова во интревју за „Република“ го кажа техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Коронавирус