недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Чулев: Досега се регистрирани 271 непочитување на полициcкиот час

Чулев: Досега се регистрирани 271 непочитување на полициcкиот час

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во телевизија Телма истакна дека досега се евидентирани 271 непочитување на полицискиот час во изминатите три дена. Тој посочи дека полицијата генерално во првите два дена имала во предвид дека можеби не сите граѓани се инфромирани за прекршувањето на полицискиот час па токму поради ова била потолерантна.

-Досега во однос на ограничување на движењето регистрирани се во текот на изминатите 24 часа 133 случаи на непочитување на ограничување на движењето, а вкупно во изминатите три деноноќија регистрирани се 271 непочитувања. Значи полицијата генерално во првите два дена оставаше простор додека граѓаните се инфромираа за мерката на Владата и додека се навикната на оваа забрана за движење, а и додека беа издадени сите оние дозволи за движење од министерството за информатичко општество. Бевме потолерантни се применуваше мерката укажување, предупредување, меѓутоа доколку и покрај укажувањето лицата го повторија кршењето на забраната, против нив се поднесуваа соодветни поднесоци. Досега поднесени се 42 кривични пријави по членот 206 од кривичниот законик, три прекршочни пријави и опоменати се 71 лице и 44 лица се приведени во полициска станица, тоа се оние лица кои давале отпор или пак недолично се однесувале додека полициските службеници им укажувале, вели Чулев.