сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев донираше заштитна опрема во неколку клиники

Чулев донираше заштитна опрема во неколку клиники

Предизвикот да се спасат човечките животи од налетот на коронавирусот уште еднаш не потсети за важноста која луѓето во белите мантили ја имаат во нашето општество, нашата држава и целиот свет. Поддршката за нив е повеќе од потребна и повеќе од значајна во вакви специфични времиња кога тие се во првите редови во битката против невидливиот пријател.

🤝 Денес дониравме дел од заштитната опрема која ја добивме од нашите пријатели од Унгарија и Словенија. Донацијата е наменета за вработените на Клиниката за гинекологија и акушерство, Kлиниката за инфективни болести и Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи им се заблагодарив за посветеноста и истрајност со која ги извршуваат своите работни задачи и во таа насока од наша страна ја имаат сета неопходна помош и поддршка.

Им посакавме да имаат сила и здравје до крај да се изборат со пандемијата која непланирано го смени текот на човековото живеење.

Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

 

Коронавирус