петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чулев: Да ги поддржиме полицајците и да соработуваме со нив- тие не` штитат од невидливиот непријател со кој се бори државата, но и целиот свет

Чулев: Да ги поддржиме полицајците и да соработуваме со нив- тие не` штитат од невидливиот непријател со кој се бори државата, но и целиот свет

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва во Тетово ги посети полициските службеници кои на повеќе пунктови преземаат активности за контрола на спроведувањето на мерките за ограничување на движењето, донесени од страна на владата.

-Сега, повеќе од било кога важно е да веруваме во полициските службеници, да ги поддржуваме и да соработуваме со нив, затоа што тие се луѓето кои имаат тешка и одговорна задача. Тие имаат обврска со активностите кои ги преземаат да дадат личен придонес и да застанат исправени пред обврската која им е доверена, а тоа е да ја заштитат целата нација од невидливиот непријател со кој се бори државата, но и целиот свет. Јас како министер за внатрешни работи убеден сум дека тоа го прават со сето свое срце, напиша Чулев на Фејсбук.

Коронавирус