четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 122
home Вести

Чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка денес пред верниците на плоштадот

Чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка денес пред верниците на плоштадот

Струмица и струмичани го одбележуваат споменот на доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, пред две години, дар од братството на манастирот Дохијар на Света Гора.

Денеска и утре иконата носена од струмичани, кои и ја донесоа од Света Гора, по свечената литургија во 16:00 часот од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, низ улиците на Струмица се упати кон црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ и таму ќе биде до утре до 11:00 часот од каде ќе се упати по булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“. Таму е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова, по што ќе продолжи назад во Црквата „Свети Петнаесет“.

Голем број верници од Струмица се вклучија во литијата, а се очекува утре на оваа свеченост да присуствуваат и голем број верници од регионот.

Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, една од нив е иконата во Струмица.

Извор: strumicanet.com

Коронавирус