четврток, 22. април 2021. Вести денес: 137
home Вести

Чолакова Дервишева: Власта наместо да води политика со бирање на вакцини, треба да се грижи за здравјето на граѓаните

Чолакова Дервишева: Власта наместо да води политика со бирање на вакцини, треба да се грижи за здравјето на граѓаните

Доктор Лилија Чолакова Дервишева, претседател на Здружението на приватни лекари, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, нагласи дека има големи пропусти од страна на власта и ресорното министерство за набавка на вакцините против КОВИД 19.

Таа додаде дека во Македонија се касни со се и за разлика од соседна Србија, тука граѓаните немаат можност да бираат со која вакцина би се вакцинирале

-Многу пропусти се направија во однос на целокупната организација. Значи не може кога некој ви нуди, здравјето на граѓаните и на народот кој што живее овде треба да е приоритет, не треба да има политика во бирање на нешто кое што треба да го спаси сето ова. Нели народот требаше да добие шанса да бира каква вакцина ќе избери како во соседна Србија, а овде таа шанса ја нема, каснеме со се, пропусти има, нагласи доктор Чолакова Дервишева.

Коронавирус