четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 123
home Вести

„Членството во НАТО е успех, но останува да се памети дека Заев за спас на кариерата го потпиша штетниот договор со Грција“

„Членството во НАТО е успех, но останува да се памети дека Заев за спас на кариерата го потпиша штетниот договор со Грција“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија Алфа изјави дека се радува на секој напредок на Република Македонија и потенцираше, дека тоа што Зоран Заев го направи е навистина недостоинствено и тоа не може да не остави длабока трага кај граѓаните на Република Македонија.

-Посебно кај оние граѓани кои навистина ја препознаа интенцијата на овој политичар кој што има по малку сомнително минато во политиката. Практично он тргуваше и со правото и со правдината, тргуваше и со сето она што генерации претходно и претходно го создавале, подвлече Мицкоски.

Според него ова претставува крај на еден процес што требаше да заврши можеби пред десет години бидејќи сите технички критериуми за Македонија да биде дел од Алијансата и тогаш беа исполнети.

– На никој до тогаш не му паѓаше на памет на вака недостоинствен начин, вака срамен договор да потпише како што тоа го направи Зоран Заев.  Но ете се роди и таков човек кој што е подготвен за сопствената политичка кариера, за сопствениот бенефит, дали економски или бенефитот на сопственото семејство, да прифати се практично па дури играјќи си со судбината на илјадници и илјадници Македонци кои во минатото со свој живот ја платиле цената, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Алфа.