четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста од страна на министерката Царовска говори за нејзиниот однос кон стечајците

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста од страна на министерката Царовска говори за нејзиниот однос кон стечајците

Денеска имаше редовна закажана комисија за труд и социјална политика на која требаше да се расправа за многу значаен закон, а тоа е Законот за материјално обезбедување на невработени лица заради приватизација на претпријатија со доминантна државна сопственост или така наречен Закон за стечајците во второ читање, каде што мора да присуствува предлагачот, а тоа е министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, а ние немавме никакво известување зошто нема претставник од министерството и поради тоа бевме принудени да ја прекинеме комисијата за некој друг ден, ова преку изјава за медиумите го потенцираат членовите во комисијата од ВМРО-ДПМНЕ.

-Станува збор за една многу сензитивна категорија на граѓани кои што со нетрпение го чекаат донесувањето на овој закон инаку во второ читање ние како опозиција од ВМРО-ДПМНЕ имавме поднесено доста амандмани со кои што бараме зголемување на опфатот на оние лица кои што треба да бидат материјално обезбедени, истакнуваат од партијата.

Тие додаваат дека ваквата неодговорност од страна на министерката Мила Царовска говори за нејзиниот однос кон стечајците, но и кон работата на собранието.

Коронавирус