четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Вести

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Требишки и Ангелевска во посета на Чучер Сандево и Прилеп

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Требишки и Ангелевска во посета на Чучер Сандево и Прилеп

Тим предводен од членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Требишки денеска беше во посета на Чучер Сандево и населените места Глуво, Бразда и Мирковци. Жителите на овие населени места истакнаа дека се разочарани од оваа власт, при што кажаа дека лошата политичка и економска состојба во државата влијае на секојдневниот живот.

Во Прилепско беа посетени повеќе населени места. Од овие населени места граѓаните посочија дека нема направено ништо за нивните населени места и поради тоа голем број на млади секојдневно се иселуваа.

  

Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека мора да се стави крај на овие погубни политики на СДСМ, со со цел да работите тргнат на подобро.