сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на викендот посетија повеќе населени места во Општина Пехчево

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на викендот посетија повеќе населени места во Општина Пехчево

Во текот на вчерашниот ден тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од членот на Извршниот Комитет, Димитар Димовски беше во посета на населените места Панчарево, Чифлик и Умлена во Општина Пехчево.

Граѓаните се пожалија дека нивните населени места се испустени во последниве две години. Тие велат дека животот си заминал од тука, младите се повеќе си заминуваат, а тие малку кои останале разочарано кажуваат дека тука нема иднина и размислуваат како да ја напуштат државата.

Тие порачуваат дека повеќе не може да ја трпат оваа беда која ја донесе СДСМ. Порачуваат дека мора да се врати надежта, и мора да има иднина за нивните деца и тука. Токму затоа одлучни се дека СДСМ мора да си замине за да се врати животот и правдината во нивните места и во Република Македонија.