вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Вести

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Карбинци и Росоман

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Карбинци и Росоман

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  не запираат со посетите ширум државата. Тие денес беа во посета на Општините Карбинци и Росоман.

Во општина Карбинци покрај истоименото населено место беа посетени и Радање и Таринци.  Жителите се пожалија дека сегашната  власт предводена од СДСМ досега  не направи ништо за доброто на жителите, туку само допринесуваат за влошување на ситуацијата во државата, односно како што рекоа тие во оваа општина има се помасовно иселување на младите бидејќи Заев и СДСМ воопшто не направија ниту еден проект за нив.

На посетата во Општина Росоман во населените места Росоман, и Камен Дол, жителите посочија дека  власта дека нема никаква стратегија за подобрување на живот и подигање на животниот стандард на граѓаните. Според нив владата на СДСМ секој ден се луксузира и ги задолжува граѓаните, а на сметка на тоа нема отворање на фабрики и нови работни места.

Жителите на овие места воедно кажаа дека власта донесе вистински егзодус за земјоделието, им крати на субвенциите, родот не можат да го продадат  и наместо на пазарите приморани се да го фрлаат.  Никаде ги нема ветувањата за нови пазари, сигурен пласман, откуп и повисоки цени. Тие велат дека оваа ужасна ситуација повеќе не смее да продолжи и токму затоа СДСМ мора да си замине.