Член на ИО на СДСМ–Битола, предизвикал сообраќајна незгода, пишува порталот Пеланет.
Во билтенот на СВР Битола стои дека управувајќи со неговото патничко возило “Мазда” на патниот правец Драгош – Битола синоќа околу 20:00 на 03.10.2019 (Четврток) удрил во ПМВ и ТМВ, а службените лица на СВР Битола кога пристигнале на лице место по направен алкотест констатирале присуство на алкохол помеѓу 1.5 и 2 промили што укажува на фактот дека претходно конзумирал поголема количина на алкохол.
Сведоци на настанот биле и повеќе жители на с.Бистрица кои одблизу го проследиле настанот. Така, веќе многу актуелна е приказната во Битола, а битолчани одма симболично ја поврзаа со стартот на кампањата на СДСМ и слоганот “НА ПРАВ ПАТ”.