петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 17
home Вести

ЧЛЕН 7, СТАВ 2 и 3 од ДОГОВОРОТ: Како Македонија се брише самата себе и ги турка своите деца во војна?

ЧЛЕН 7, СТАВ 2 и 3 од ДОГОВОРОТ: Како Македонија се брише самата себе и ги турка своите деца во војна?

Порталот Денешен.мк анализира дека Договорот со Грција има многу небулози, за нас се разбира еве една од нив:

На пример, во член 7 став 2 од Договорот се вели:

2. Кога термините (се мисли на термините изведени од Македонија, н.з.) се однесуваат на Првата страна (Грција, н.з.), овие термини ја означуваат не само областа и луѓето од северниот регион на Првата страна, туку и нивните атрибути, како и грчката цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден.

3. Kога термините се однесуваат на Втората страна (Северна Македонија, н.з.), овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, луѓе и нивните атрибути, со своја историја, култура и наследство, што се разликува од оние што се однесуваат според член 7 (2).

На прв поглед ништо страшно. нели? Пред се, ако сте во онаа група која подлегна на пропагандата на бандата новинарска на Сорос, странците и СДСМ, за т.н. антиквизација на РМ. Така, ете сега и потврда за тоа. Ние немаме врска со античка Македонија. Таа е грчка. Им ја даваме на тацна, иако тие немаат ниту еден доказ за поврзаност со неа. Како и да е.

Но, гледајте го сега склопот, односно целината на овој договор со бугарскиот. Овој договор вели дека луѓето од Република Северна Македонија, кога го употребуваат терминот Македонија (а согласно овој договор немаат никаква дозвола за тоа на ниту едно место и во ниту една прилика), тоа нема никава врска со терминот Македонија онака како го сфаќаат Грците од Северна Грција, ниту има врска со „грчката цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден“. Затоа, нели и глупоста согласно која на Александар кој е „Македонски“ ќе му закачиме на вратот табличка дека е грчки. Значи, нас не нема од антиката до средниот век.

Бугарите пак, со договорот што го потпишавме со нив, имаат екслузивно право на историјата на Македонија од средниот век па до 1944 година. Самоил е бугарски, Охридската архиепископија е бугарска, Илинден е бугарски, Гоце Делчев е Бугарин.

Така се оставрува за тоа што повеќе пати предупредував – ние потпишуваме дека сме народ без историја, измислен од комунистите. Тој народ, по дефиниција на двата договора, едноставно мора да исчезне бидејќи е измислен од носители на една диктаторска идеологија каква што е комунистичката. Толку е едноставно да се сфати и толку е лесно продадено што понекогаш и скрибоманите остануваат без зборови. Најтрагично е што кога сето ова, порано или подоцна ќе доведе до поделба на државата и војна меѓу Северните и Албанците (ова сум го обајснувал повеќе пати во моите колумни), пак ќе гинат некои сиромашни деца. Овие што не продадоа како фишек од весник со семки за грицкање пред стариот Градски стадион во Скопје, на раат ќе си ги трошат некаде нашите пари легнати во нивен џеб.

Дарко Јаневски за Денешен.мк