понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 136
home Вести

Чилиманов: Заев воведе нов економски модел во Македонија, дрога, казино, шверц

Чилиманов: Заев воведе нов економски модел во Македонија, дрога, казино, шверц

Во вчерашната емисија на Алфа ТВ, гостуваше Цветин Чилиманов, новинар кој посочи дека владата на СДСМ моментално промовира нов економски модел во Република Македонија, а тоа е дрога, казино, шверц.

Новиот модел, новата улога на Македонија што ќе биде во таа идна ЕУ, ќе биде казино, дрога, шверц на мигранти, перење пари, гледаме колку скандали се отвораат со вртење на ИПА фондови. Ќе ги земеме, па после меѓу себе ќе си ги поделат, еден дел најверојатно за тој што ги дава, дел на своите невладини што протестираа, што маршираа, тоа е економскиот модел кој што ние го промовираме. Ќе зголемуваме пад на невработени, ќе купуваме социјала, ќе зголемиме минимална плата што ќе ги испоништи некои фабрики што уште постојат надвор од Скопје, во внатрешноста. И еве ќе живееме од шверц на дроги, појасни Чилиманов.

Чилиманов додаде дека во нашата земја моментално се се урнисува, ниту една нова фабрика не дошла, се рекетираат бизнисите на фабриките што се тука. А, моделот е дрога, марихуана директно врзани со фамилијата на премиерот.

Локални избори 2021