вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Чилиманов: Секогаш кога СДСМ е на власт имаме општа небезбедност низ улиците, а овој пат се ослободуваат криминалци и се апсат македонски патриоти

Чилиманов: Секогаш кога СДСМ е на власт имаме општа небезбедност низ улиците, а овој пат се ослободуваат криминалци и се апсат македонски патриоти

Меѓународната заедница навистина нема концепт за тоа како да се развива овој процес и како да го води, видовме дека настапија целосно едно партиски одејќи по паметот на некои од најрадикалните членови на СДСМ, на најмилитантното крило кое потекнува од времето на Југославија кое во ген им е влезено дека политичкиот противник треба да се апси, а критичкиот медиум да се замолчи и да го снема, а сведоци сме колку телевизии и весници мораше да ја променат уредувачката политика од формирањето на владата на Зоран Заев, ова во емисијата „Алфаскоп“ го потенцираше Цветин Чилиманов.

-Не гледам дека имаат некоја свест или концепт во амбасадите тука во Скопје, сметаат дека на сила можат да ја истуркаат работата и поради тоа во затвор се некои од македонските уметници и патриоти, луѓе што зборуваа против редефинирањето на Македонија внатре во земјата, како и односот меѓу Македонците, Албанците и другите заедници коишто е формиран со политички договор на сите партии по 2001 година кој сега се менува и спорот со името, а сите партии се едногласни дека не смее да се менува идентитетот на Македонците. Гледаме дека луѓето кои што најгласно зборуваа за нарушувањето на столбовите на Македонија сега се во затвор и со тоа се прави обид да се направи притисок врз партијата ВМРО-ДПМНЕ за таа да потпише некаков изнуден договор како тој во Охрид. Јасно е дека нетрпеливоста кај граѓаните расте, поддршката за членство во ЕУ кое вообичаено била висока е под 50 проценти, вели Чилиманов.

Тој додава дека секогаш кога СДСМ е на власт имаме килава економија и општ грабеж, страв да се инвестира и да се вложат сопствените пари како и општата небезбедност што ја гледаме низ улиците во изминатиот период со ослободување на криминалци и се апсат македонски патриоти.

Коронавирус