вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Чилиманов: Ременски во 2016 година протестираше пред домот на Груевски, додека за Ременски во 2018 година не е убаво да се протестира пред куќи на политичари

Чилиманов: Ременски во 2016 година протестираше пред домот на Груевски, додека за Ременски во 2018 година не е убаво да се протестира пред куќи на политичари

Новинарот Цветин Чилиманов, на својојот Фејсбук профил направи споредба од ставовите на Фросина Ременски од јуни 2016 година, кога таа и група поддржувачи на шарената револуција протестираа пред домот на Никола Груевски и тогаш за неа беше оправдан и демократсски чекорт на протестираање, за сега во март 2018 година, протестите пред домовите на пратениците да ги оквалификува како фашистички.

Која лакрдија е приредувана од претставницните на власта и кое лицемерие е невидено. Од опозиција за СДСМ протестите се израз на незадоволството на граѓаните, но кога се на власт и граѓаните протестираат против нив, тоа е фашизам.

СДСМ која ја организираше и поддржа таканаречената шарена револуција фарбаше објекти низ цело Скопје, кршеше и демолираше, со што нанесоа голема материјална штета.

Демократија и израз на граѓански револт беше и кога поранешниот премиер Груевски беше исвиркан и нападнат во градскиот парк во Скопје, додека беше со сопругата и ги санкаше неговите две малолетни деца.

Тогаш СДСМ не реагираше, бидејќи нели во нивните глави тоа беше одраз на демократија. Наспроти тоа, сега кога  граѓани протестираат пред домот на Ременски, тоа е фашизам и се повикува на кривична  одговорност за луѓето.

Коронавирус