среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

Чибишев: Здравствените власти ништо не научија од изминативе бранови на КОВИД-19, напротив цело време се повторуваат истите грешки

Чибишев: Здравствените власти ништо не научија од изминативе бранови на КОВИД-19, напротив цело време се повторуваат истите грешки

Жал ми е што морам да кажам дека не се справуваме добро со пандемијата, некогаш подобро, некогаш полошо, па дури и хаотично. И резултатите од тоа такво да речам делумно неорганизирано справување ги гледаме секојдневно по бројот на новозаразени и за жал по бројот на починати пациенти. Здравствениот систем уште од почетокот на пандемијата малку неспремно влезе во справување со корона кризата која што практично го зафати целиот свет. Меѓутоа поминаа веќе година ипол или некаде 18 месеци од кога почна оваа криза и имавме чинам доволно време, во овој временски период кој што е прилично долг и во кој што нели имаме досега еве четврти бран на подем на заразени пациенти, можевме малку поорганизирано да се подготвиме да се спротивставиме на пандемијата“, истакна Андон Чибишев во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Чибишев додаде дека уште на почетокот на пандемијата некои мерки во Македонија беа доста задоцнети, а некои не се превземаа.

„Во стартот ние немавме никаква контрола на тоа кој влегува во државата и кој излегува. Немавме контрола на аеродромите каде што практички требаше да се постави првата брана на трансмисија на вирусот однадвор во нашата држава. Тоа не се направи. Кога целиот свет ги повикуваше државите да тестираат што повеќе за да се ограничи трансмисијата на емисијата, да се детектираат оние првични случаи кои што можеа да се стават во изолација, да се стават сите нивни контакти во изолација и да не се рашири инфекцијата, ние тоа не го направивме. Ние тестиравме во ограничен број, за помалку да се прикажуваат болни. Мислам дека тоа беше основната грешка“, појасни Чибишев.

Чибишев истакна дека здравствените власти ништо не научија од изминативе бранови на КОВИД-19, напротив цело време се повторуваат истите грешки. Многу доцна власта набави вакцини за да се заштити населението од вирусот.

Локални избори 2021