вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Чибишев: Во ОХИС затаија институциите и не е постапено по стандардите!

Чибишев: Во ОХИС затаија институциите и не е постапено по стандардите!

Овде се гледа веднаш дека затаија институциите во овој случај, мислам дека не е постапено по стандардите како што треба. Прво, каде исчезнал метил акрилатот што го нема, тој е лесно испарлив и го нема, значи испарил, изјави доктор Андон Чибишев во Топ Тема, каде се разговараше за инцидентот кој деновиве се случи во Охис.

Чибишев вели дека ова можеби не е прв пат бидејќи наназад една година постојано луѓето од тие делови на градот пишуваат дека има чуден мирис, дека им солзат очите, се гушат, нешто се случувало и претходно.

-Во однос на мерките, прво колку што знам метилакрилатот не се измива со вода, во сите упатства пишува дека тој со вода не се измива. Денот кога беше хаваријата, јас кога гледав како постапуваат сите незаштитени, како можеа да одат таму без заштитна облека, а пишува таму заштитна облека и заштитни маски, истакна Чибишев.

Тој нагласи дека мерките не биле преземени, сите во фабриката влегувале без заштита дури и припадницитена АРМ, МВР како и новинарите иако по сите упатства стои дека заштита e задолжителна.

Чибишев исто така посочи дека многу е несериозно тоа што наместо надлежните да ја пријават хаваријата, тоа го направија граѓаните.

Коронавирус