среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

Чибишев: Не треба здравствените власти да се потпираат на модуларни болници туку требаа за овој период да оспособат здравствени капацитети за згрижување на пациенти

Чибишев: Не треба здравствените власти да се потпираат на модуларни болници туку требаа за овој период да оспособат здравствени капацитети за згрижување на пациенти

„Ние имавме уште еден голем проблем, имавме наплив на голема бројка на пациенти, а ограничен капацитет за згрижување. Заради тоа државата презема мерки и монтираше модуларни болници. Модуларните болници во почетокот кога имаше голем наплив на пациенти можеа да завршат голема работа, меѓутоа ние не можеме и сега по четвртиот бран да се ослонуваме на модуларни болници. Модуларните болници се времени објекти, кои што имаат најминимални услови за згрижување на тешки пациенти, посебно на пациенти на кои што им е потребна полуинтезивна или интензивна нега“,истакна Андон Чибишев во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Чибишев додаде дека не треба здравствените власти да се потпираат на модуларни болници туку требаа за овој период да оспособат здравствени капацитети во кои што ќе можеа да се згрижуваат пациенти со тешка слика.

„Ние имаме голем број на здравствени капацитети кои што не се во употреба, а имаат подобри услови од модуларните болници. Имаме такви на кои што со помали интервенции градежни или технички можеа да се оспособат за да згрижуваме пациенти“, укажа Чибишев.

Тој во самата емисија посочи дека државите во соседството обезбедија подобри услови за своите граѓани. Србија не само што обезбеди КОВИД болници, оспособија голем број на здравствени објекти за овој период, а да не се говори дека вакцинираа население не само во нивната држава туку и во соседството.

„А, ние комплетно се ослонивме прво на шаторска болница која што беше донација од војската, од Владата на Норвешка, која што ако се сеќавате на првиот снег се сруши. А, потоа се ослонивме на модуларните болници. Мислам дека модуларните болници можат да помогнат, но меѓутоа не можеме ние како држава, како здравствен систем да се ослониме на модуларните болници“, рече Чибишев.

Локални избори 2021