петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Чибишев: Државата треба да набави поголем број на тестови за корона вирус, селекцијата по прашалникот од матичен се покажа како грешка

Чибишев: Државата треба да набави поголем број на тестови за корона вирус, селекцијата по прашалникот од матичен се покажа како грешка

Доктор Андон Чибишев во неговото гостување во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија изјави дека во борбата со коронавирусот треба да се тестираат што е можно повеќе луѓе бидејќи селектирањето според сегашниот прашалник се покажа како грешка.

-За мене сите кои што ќе се јават кај матичниот треба да бидат тестирани, државата треба да обезбеди што поголем број на тестови, за да може што повеќе луѓе да бидат тестирани. Да не ги селектираме луѓето“, истакна Чибишев.

Тој нагласи дека како грешка се покажа тоа што матичниот пополнува прашалник спрема вашите одговори по телефон за тоа какви симптоми имате или со кого сте биле во контакт и така одлучува дали сте за тестирање.

-Имаме случај во Тетово, пациент кој што лежел во одредена здравствена институција во државава, дошол дома, кренал температура, семејството алармира, два три дена се губат додека да се тестира и сепак ипаѓа позитивен. Значи дека тестирај, тестирај, тестирај е најдобрата стратегија во овој момент, според мене, потенцираше Чибишев

Тој додаде дека како државата треба да земат искуствата од Словенија која по број на жители колку Македонија а досега има тестирано речиси 20.000 жители и се надева дека надлежните сериозно ќе се посветат на ова прашање.

Коронавирус