понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Чибишев: Без масовно тестирање, изборите ќе претставуваат од државата организирана трансмисија на корона инфекцијата

Чибишев: Без масовно тестирање, изборите ќе претставуваат од државата организирана трансмисија на корона инфекцијата

Генсекот на СДСМ повторно преку соопштение се обидува да ја анимира јавноста дека најбрзо што може треба да се одржи парламентарниот маскенбал на кој граѓаните ќе гласаат под маски, со растојание од 2 метри, без јавни соочувањаа, без митинзи, без реална кампања на која ќе се соочат програми, реагира д-р Андон Чибишев.

-Од здравствено-епидемиолошки аспект ваквиот пристап и малтретирањето на јавноста, со изнесените несериозни и неодговорни предлози без претходно масовно тестирање на популацијата, со што барем минимално ќе се добие податок за евентуалниот колективен имунитет, ќе претставува од државата организирана трансмисија на корона инфекцијата и огромна можност за повторно враќање на хоророт кој го преживеаја македонските граѓани во изминатите два месеци. БОЈКОТ на обидот за манипулацијата со македонските граѓани. Власта е безвредна. Секој живот вреди, порача тој.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија