сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 52
home Вести

Четврток и петок неработни денови

Четврток и петок неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2019 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2019 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Па така, граѓаните припадници на влашката заедница оваа година може да си го продолжат малку повеќе викендот од останатите граѓани.