сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Вести

Четврто прскање против комарци во Југоистокот

Четврто прскање против комарци во Југоистокот

Во десетте општини во Југоисточниот плански регион утре и задутре ќе се изврши четврто прскање против комарци, информираат од Центарот за развој на овој регион.

-Доколку се поволни временските услови утре, во период од 16:00 до 18:00 часот, ќе се прска во општините Конче, Радовиш, Василево и Струмица, а задутре, во истиот период, во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци, додаваат во информацијата од Центарот.

Граѓаните од општините Дојран и Гевгелија дополнително ќе бидат известени за терминот за прскање против комарци.

Од Центарот ги потсетуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во наведениот временски период.

Коронавирус