недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Четвртина од светската популација во опасност да остане без вода, еве на кое место е Македонија

Четвртина од светската популација во опасност да остане без вода, еве на кое место е Македонија

Седумнаесет земји во кои живее четвртина од светското население се наоѓа во екстремен ризик да остане без вода, покажала листата на Светскиот институт за ресурси (World resources institute – WRI).

На вврвот на оваа листа од вкупно 164 земји, како најзагрозени се истакнуваат Катар, Израел, Либан, Иран и Јордан за кои според Извештајот е најмалата суша може да биде голема закана бидејќи се трошат речиси сите достапни резерви на вода.

Во групата од 17 земји кои се изложени на „екстремно висок воден стрес“, најмногу се земји од Блискиот Исток и Северна Африка. Либија, Кувајт, Саудиска Арабија, Еритреја, ОАЕ, Бахреин, Индија, Пакистан, Оман, Туркмекистан, како и Сан Марино како единствена европска земја.

Македонија е на 52 место на табелата во групата на „средно висок воден стрес“.

Србија е на 109 место во најбројната група со 64 земји со низок степен на ризик. Најбезбедна од поранешните ЈУ земји е Хрватска која се наоѓа на 140 место, па Црна Гора (121), Словенија (117), БиХ (97).

Според извештајот на Светскиот интитут за ресурси со седиште во Вашингтон, една третина од човештвото кое живее во 44 земји се соочува со „високо ниво на воден стрес“.

Меѓу нив се Кипар (19), Грција (26), Шпанија (23), Албанија (33), Португалија (41), Италија (44).

Најмалку загрозени се Гвајана, Исланд, Либерија, Јамајка и Суринам кои ги заземаат последните пет места на листата.