понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Четвртина од невработените се млади, Заев ги заборави, а викаше и ќе ги враќа иселените

Четвртина од невработените се млади, Заев ги заборави, а викаше и ќе ги враќа иселените

Условите во земјава од ден на ден се полоши. Иако власта предводена од СДСМ и Зоран Заев пред да дојдат на власт ветуваа квалитетен живот за сите граѓани, сепак не се покажа дека е така. Младите постојано се жалат дека се целосно заборавени од надлежните. Тоа го потврди и истражувањето на МОФ  каде стапката на младинската невработеност и понатаму е голема односно околу една четвртина од луѓето без работа се млади и дополнително многу е повисок процентот на млади луѓе кои бараат работа споредбено со сите други возрасни категории.Во истото истражување се вели дека многу млади луѓе сметаат дека главна пречка за доаѓање до работно место е партизација.

-Пред само две години дипломирав на економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и сеуште сум без работа. Аплицирав на речиси сите огласи кои излегуваа за вработување по сите установи. На ниту едно од нив не бев повикана. По неколку апликации сватив дека морам да сум партиски активна и само така може да се дојде до работно место, ни раскажа 21 годишно девојче.

За оваа проблематика објави и Радио Слободна Европа односно дека до работа во државата според дипломирани студенти најлесно е да се дојде со партиска книшка.

-Мислам дека најголем фактор при вработување е непотизмот и недостиг на критериуми во одлучување кој ќе ги добие тие позиции. Ова се работи со кој се немав соочено директно, но слушам од сите мои другари кои се соочуваат со слична демотивација секогаш кога се обидуваат да најдат работа”, раскажал дипломираниот студент од Скопје кој е без работа за Радио Слободна Европа.

Локални избори 2021