четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

Четврти Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“

Четврти Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“

Четвртиот Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска ќе се одржи онлајн на платформата Зум (Zoom).

Научниот собир ќе го отвори поглаварот на МПЦ – ОА, негово блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а ќе биде презентиран Зборникот трудови од 3. Светиклиментов научен собир. Еднодневниот форум ќе се одвива во три сесии.

Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на Факултетот (https://www.youtube.com/channel/UCGIqfgRkOwtqVoB3pGuR2pw), а кон видео-преносот ќе може да се пристапи и од веб-страницата на Факултетот (https://pbf.edu.mk/) и од Фејсбук страницата (https://www.facebook.com/pbf.edu.mk). 

Коронавирус