четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 125
home Вести

Четиристотини тони бостан во Егри чека за откуп: Жителите бараат помош од државата

Четиристотини тони бостан во Егри чека за откуп: Жителите бараат помош од државата

Во битолското село Егри во моментот дури 400 тони бостан чека за откуп. Производителите на љубеници, кои највеќе успеваат во ова битолско село, не знаат што да прават со љубениците. Тракторите се преполни со бостан и веќе немаат каде да ги складираат, пишува Новамакедонија.ком.мк

До пред извесно време откупот одел добро и трговците биле заинтересирани за откуп, бидејќи го извезувеле бостанот, меѓутоа сега и нив ги нема, зашто, како што велат жителите од Егрим лубениците стасале и во соседните земји, па затоа опаднал интересот.

Тоа што најмногу ги плаши земјоделците од Егри е што на нивите има уште најмалку 400 тони бостан и тие се плашат дека најголемиот дел од него ќе остане на нивите.

Затоа мештаните од Егри апелираат за помош од државата и откуп на бостанот.

Фото:Димитар Петковски

Коронавирус