понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Четиричлено семејство кое се вратило од Германија преминало преку „Табановце“ – двете деца заразени со коронавирус

Четиричлено семејство кое се вратило од Германија преминало преку „Табановце“ – двете деца заразени со коронавирус

Две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле преку граничниот премин „Табановце“ во Македонија, враќајќи се од Германија, се заразени со коронавирус, објави САКАМДАКАЖАМ. Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковид-пациенти во Козле.

Како што дознава СДК.мк од МВР, родителите се негативни на вирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.

Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.

Коронавирус