сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Четири нови регионални проекти на ФАО

Итни мерки за справување со „африканска свинска чума“ на Балканот, Поддршка за подобрување на националниот надзор на штетници кај растенија и системот за фито-санитарна сертификација, Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан и Стратегии за намалување на загуби и отпад од храна, се четирите регионални проекти што денеска ќе ги промовира Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) на заедничка прес-конференција со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информираат од Канцеларијата на ФАО, станува збор за проекти вредни вкупно 1,5 милион американски долари.

Зависно од типот на проектот, времетраењето на активностите е различно, а вклучени ќе бидат Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија, Ерменија, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина.

На прес-конференцијата ќе се обратат министерот Љупчо Николовски и Гордана Кожухарова, ФАО Програмски специјалист и одговорно лице за програмата на ФАО во Република Македонија, Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија.

Коронавирус